За нас

Во време на агресивни реклами, препораките на нашите задоволни клиенти се нашата најдобра реклама

Агенцијата за судски преводи МАК-АЛБ е основана во месец Јули 2010 година. Идејата за основање на Агенцијата произлезе од потребата на пазарот и недостатокот на квалитетни преведувачи.

Поради постојаното зголемување на побарувачката на правните и физичките лица, после тригодишно делување на домашниот пазар како free-lance преведувачи, основачите, Илир и Ирена Ивановски, одлучија да биде основана Агенцијата за судски преводи МАК-АЛБ.

Називот на правното лице беше избран со цел да насочува кон преводите од македонски на албански јазик и обратно, односно единствената услуга која агенцијата ја нудеше во тоа време.

Неколку месеци по започнувањето со работа МАК-АЛБ ги започнува првите соработки со преведувачи именувани за превод од и на некој од странските јазици, за потребите на домашни правни и физички лица од различни дејности. Сериозноста, посветеноста и ангажирањето на стручни преведувачи и кадар, во годините после основањето на МАК-АЛБ, ја претвораат Агенцијата во верен партнер на најголемите и најуспешните компании кој делуваат во и надвор од Македонија. Денес Агенцијата за судски преводи МАК-АЛБ нуди преведувачки услуги на и од повеќе од дваесет јазици, а долгиот список на преведувачи и клиенти, правни и физички лица, домашни и странски, ја позиционираат агенцијата помеѓу најдобрите правни лица кои делуваат во областа на преводите.

“Нашето повеќегодишно искуство е гаранција дека кај нас ќе ги добиете вистинските насоки и потребната помош, со цел полесно, побрзо и со помалку трошоци да ги обезбедите потребните документи и да ги преведете на бараниот или потребниот јазик„

Цел

Стратегија

Целта на раководниот тим е Агенцијата за судски преводи МАК-АЛБ да остане синоним за професионализам и квалитетна услуга и првото место каде ќе се обраќаат физичките лица, семејствата, малите и средни претпријатија и големите компании, како домашни така и странски.

На довербата на нашите клиенти, како и секогаш досега, ние ќе одговориме со потребните професионализам и брзина, со цел што подобро да ги исполниме нивните барања. Јасната определба на раководниот тим и вработените, да ги овозможат најдобрите решенија за потребите на клиентите, останува нашата најголема предност.

Воедно нашите стручни и искусни кадри се спремни да Ви ги обезбедат најдобрите услуги на пазарот, постапувајќи секогаш според принципите на почитување на приватноста и доверливоста.

Стратешките планови на раководниот тим помогнаа Агенцијата за судски преводи МАК- АЛБ да соработува и нејзини клиенти да станат правни и физички лица кои својата дејност ја извршуваат и работаат на целата територија на Република Северна Македонија и надвор од истата, постојано да се подобрува услугата на самата Агенција и постојано да се зголемува бројот на вработени и преведувачи кои се ангажираат за потребите на клиентите.

Следењето на модерните трендови од областа на преведувањето и почитувањето на соодветните стандарди, што овозможуваат сигурни и квалитетни услуги, е нашиот основен мотив во работењето и доближувањето до потребите на правните и физичките лица.

 

Ви нудиме преводи на следните јазици:
Брзо, лесно, Едноставно

Нарачај го твојот превод On-Line!